Крос: Сум немал подобар капитен од Рамос

Крос: Сум немал подобар капитен од Рамос

пред 3 години

Тони Крос вели дека се надева дека Серхио Рамос ќе остане во Реал Мадрид и покрај најавите за одлична понуда од Севилја по крајот на неговиот договор, објаснувајќи дека Шпанецот е најдобриот капитен со кого играл.

Крос, пред настапот со Германија на ЕУРО 2020, имаше само пофални зборови за Рамос.

„Не знам што се случува во клубот, но тој е врвен колега и уживав што играв со него и сакам да продолжам. Но, тоа не е моја одлука. Само можам да кажам дека тој е фантастичен човек и најдобар капитен кој сум го имал во мојата кариера“, вели Крос.

35-годишниот Рамос пристигна во Мадрид токму од Севилја во 2005, освојувајќи 5 титули од Ла лига и 4 од Лигата на шампионите со „кралевите“ со 670 настапи за клубот.

Share
Scroll to Top