УЕФА реши по 56 години да го смени правилото гол-на-гости, со кое тимот кој постигнал повеќе голови на гости во двомеч го добива дуелот доколку е израмнето во комбинираниот резултат, одлука која треба да биде потврдена од Извршниот Комитет на УЕФА.
Правилото последните две сезони донесе многу ситуации во кои поради пандемијата на корона вирусот беше сосема непотребно, но тоа има голема историја во европскиот фудбал, откако беше воведено во 1965 година во УЕФА Купот на куп победници. Правилото беше воведено за да се избегнат третите натпревари кога два тима беа израмнети, и во исто време да се промовира напаѓачкиот фудбал.
Оваа одлука значи дека ако еден двомеч на крајот заврши израмнет, веднаш ќе се оди на продолженија, а потоа на пенали.
Оваа сезона правилото донесе елиминација на Јувентус од страна на Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите – Порто победи дома со 2:1, а во Торино беше 2:1 по регуларните 90 минути. Во продолженијата Сержио Оливеира даде гол од слободен удар за 2:2, пред Адриен Рабио пак да донесе водство на Јуве, од 3:2, недоволно за пласман.
За споменување е и „неславната“ победа на Барселона над Челси во полуфиналето на Лигата на шампиони во 2009 година, кога по 0:0 на „Ноу Камп“, на „Стемфорд Бриџ“, Андрес Иниеста даде гол во последната минута за 1:1.