Шпанците не „замрзнаа“ на -36!

Шпанците не „замрзнаа“ на -36!

пред 2 години

Македонската кошаркарска репрезентација го забележа петтиот пораз во петтиот меч од квалификациите за Светското првенство во 2023 година, откако во Сарагоса, Шпанија ни нанесе тежок 80:44 (19:17, 26:6, 17:8, 18:13) пораз.

Македонија беше рамноправен противник само во првата четвртина, во која домаќините имаа само два поени разлика (19:17), по што следуваше катастрофалната втора четвртина, која „фуријата“ ја доби со 26:6, решавајќи го победникот во мечот.

Јакимовски беше најефикасен за Македонија со 14 поени, Крстевски и Николов имаа по седум, додека Саиз беше прв стрелец на Шпанците со 17 поени.

На крајот на квалификацискиот циклус, Македонија ја пречекува Украина на 4 јули во Скопје.

Фото: ФИБА

Share
Scroll to Top