Астон Вила го освои „Елан роуд“

Астон Вила го освои „Елан роуд“

пред 4 години

Астон Вила забележа минимална победа на гостувањето во Лидс. Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, за Лидс јунајтед, ги одигра последните 20 минути.

Голот на одлука, Астон Вила го постигна во петтата минута. Шутот на Оли Воткинс се претвори во асистенција за Ел Гази, кој од непосредна близина го совлада Мелие.

Ова беше единствената вистинска шанса која ја создадоа играчите на Астон Вила, во текот на целиот натпревар.

Лидс потоа ја имаа контролата врз натпреварот, меѓутоа нивните напади не беа опасни. Робертс пропушти добра шанса во финишот на првиот дел, а Рафиња лошо биеше со глава во 89.минута.

Астон Вила се осми на табелата со 39 бода, а Лидс имаат 35 и се наоѓаат две позиции подолу на табелата.

Share
Scroll to Top