Атлетико Мадрид се врати за неверојатна 4:3 победа над Хетафе во луд меч на „Ванда метрополитано“ за враќање на четвртото место на табелата на тимот на Диего Симеоне.
Работите почнаа одлично за шпанскиот шампион. Уште во деветтата минута беше досуден пенал за домаќините, но Луис Суарез не успеа да го реализира. Изгледаше дека тоа нема да биде проблем, откако Анхел Кореа десет минути подоцна ги донесе „рохибланкос“ во предност, а Матеуш Куња во 27. минута зголеми на 2:0.
Тогаш почна пресвртот. Борха Мајорал во 30. минута намали на 2:1, по што во 37. и 42. минута беа досудени два пенали за Хетафе, кои лесно ги реализираше Енес Унал за 2:3 водство на гостите. Лудото прво полувреме заврши со израмнување, повторно преку Анхел Кореа во последните секунди од продолжението.
Во второто полувреме, сите обиди на Атлетико за камбек изгледаа уништени во 58. минута, кога Фелипе доби заслужен црвен картон за неспортски удар во обид да спречи контра на гостите. Но, во 89. минута од мечот, замената Марио Ермосо се најде во шанса во шестнаесетникот на Хетафе по асистенцијата на Жоао Феликс за да постигне прекрасен гол за три поени.
Атлетико се четврти со 39 поени, еден пред Барселона (која има натпревар помалку), додека Хетафе на Кике Санчес Флорес се на 15. место со 24 поени, пет поени над зоната за испаѓање.
Mario Hermoso just scored a late winner against Getafe to make it 4-3. He has saved 10-man Atletico Madrid and Diego Simeone
He also scored the late winner against Valencia ? pic.twitter.com/ExQvOOpSys
— Wyngback Soccer (@wyngback) February 12, 2022