Пред една година Роналдињо се наоѓаше во најтешкиот период во животот. Банкротираше, па заврши во затвор. Почина мајка му, но сепак некогаш најдобриот светски играч се чини успеа пак да застане на нозе.
Моментно делува во повеќе хуманитарни акции, го брендира своето име и снима реклами. Пријателите велат дека повторно е среќен, а на банкарските сметки повторно има милиони.
Проблемите на Роналдињо започнаа кога беше уапесен со фалсификуван пасош, па беше во затвор во Парагвај. Тој и брат му платија кауција од 1,6 милиони долари за да излезат од затворот и да се бранат од куќен притвор.
Познато е дека поранешниот бразилски фудбалер во својот дом во Ипанема бил домаќин на нелегални коцкарски турнири, а токму поради долговите, на банкарската сметка во еден период имаше само 5 долари.
Сега, Роналдињо повторно е заштитно лице на најпопуларните видео игри – ФИФА и ПЕС. За соработката добил повеќе од добра сума пари, медиумите шпекулираат дека се работи за околу 3 милиони евра.
Роналдињо се врати на стариот начин на живот – со забави.