Ботас најбрз на првиот тренинг во Португалија

Ботас најбрз на првиот тренинг во Португалија

пред 4 години

Возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, беа најбрзи на привот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Португалија.

Финецот со својот Мерцедес постави време 1:18.410 минути, тој за 0,339 секунди беше побрз од актуелниот светски првак.

Трето најдобро време на петеката имаше Макс Ферстапен. Холанѓанецот во Ред Бул заостана за 0,781 секунди. Одличен тренинг имаа Шарл Леклер на ферари и тимскиот колега на Ферстапен, Алекс Албон.

Очекувано меѓу најдобрите десет се најдоа и Карлос Саинц (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Дани Рикардо (Рено) и Пјер Гасли (Алфа Таури). Изнедаи Кими раиконе кој со својот Астон Мартин го имаше осмото најбрзо време.

Трката за Големата награда на Португалија се вози во недела од 14.10 часот.

 

Share
Scroll to Top