Сакраменто и Филаделфија и вторпат ја искористија предноста на домашен терен и дојдоа до триумфи на дуелите против Голден Стејт, односно против Бруклин, и имаат водство од 2:0 во победи, во првото коло од плеј-офот во НБА лигата.
Ова е првпат актуелните шампиони, Голден Стејт Вориорс, да имаат негатива од 0:2 во една плеј-оф серија.
Деарон Фокс и Домантас Сабонис постигнаа по 24 поени и беа предводници во триумфот на домаќините. На спротивната страна, Стеф Кари постигна 28 поени, Ендрју Вингс имаше 22, а Клеј Томпсон 21 поен. Сепак, тие немаа доволна поддршка од соиграчите.
Филаделфија Севентисиксерс и вторпат потврди дека е фаворит во серијата со Бруклин Нетс. Домаќините славеа со 96:84, а најефикасни кај победничкиот тим беа Тајрис Максеј со 33 поени и Џоел Ембид кој имаше ефект од 20 поени и 19 скока.