Лесна победа на Црвена звезда во „вечното дерби“

Лесна победа на Црвена звезда во „вечното дерби“

пред 11 месеци

Foto/ EPA

Кошаркарите на Црвена звезда остварија убедлива победа во третото сезонско „вечно дерби“.

Избраниците на Јанис Сферопулос го совладаа Партизан со резултат 88:72 во 19. коло од Евролигата и со максимален учинок го завршија „двојното коло“ во Евролигата.

Натпреварот, резултатски беше прилично неинтересен, црвено-белите беа подобриот тим од првата до последната секунда.

Црвена звезда предноста ја изгради со извонредна тимска одбрана во првото полувреме. Со нападот диригираше Милош Теодосиќ. На полувреме црвено- белите имаа предност од 21 поен. Партизан се обиде во вториот дел, успеа во последниот период да се доближи на девет поени разлика, имаа и напад за -6, но најпрвин Смит, а потоа и Пантер не погодија за три поени.

По овој дуел резултатот Црвена звезда има скор 8-11, додека Партизан е на 10-9.

Немања Недовиќ беше најефикасен кај Звезда, во која шест играчи имаа двоцифрен поентерски учинок. Недовиќ имаше 16 поени (6/11 од поле) и три асистенции, а Фреди Гилеспи и Рокас Гедраитис додадоа по 14 поени, Американецот имаше пет, а Литванецот седум скока. Милош Теодосиќ одигра уште еден исклучителен меч со 13 поени (3/6 од поле, 5/6 пенали) и седум асистенции, Адам Ханга додаде 11, а Јаго Дос Сантос 10 поени.

Кај Партизан најмногу поени постигна капитенот Кевин Пантер, 17 (6/15 од поле). Пи Џеј Даузер имаше 12, Френк Камински 11, а Бруно Кабокло 10 поени. Бразилскиот центар додаде и седум скока.

Share
Scroll to Top