Нејмар нема да игра до крајот на годината

Нејмар нема да игра до крајот на годината

пред 4 години

Нејмар нема да се враќа на фудбалските терени до крајот на годината, потврди во саботата неговиот клуб ПСЖ.

Бразилецот, се повреди минатиот викенд на натпреварот со Олимпик Лион, во Париз. Во 96 минута, играчот на Лион, Тијаго Мендеш стартуваше врз Нејмар, кој со гласен крик падна на теренот, а потоа солзи во очите, беше изнесен од теренот.

За среќа на ПСЖ, повредата на најскапиот светски фудбалер не е сериозна. Во клубот сепак решиле да бидат претпазливи и да му дадат на Нејмар дополнително време за одмор.

Нејмар ќе се врати во тимот на почетокот на наредната година.

Share
Scroll to Top