Реал со победа во Атина по две продолженија, ЦСКА го „прегази“ Ефес

Реал со победа во Атина по две продолженија, ЦСКА го „прегази“ Ефес

пред 3 години

Реал Мадрид беше поизддржлив во борбата во две продолженија за да стигне до 97:93 победа на гостувањето кај Панатинаикос, додека ЦСКА Москва ја забележа деветтата победа во низа во Евролигата со 100:65 уништување на Анадолу Ефес.

Двете слободни фрлања на Треј Томпкинс го решија мечот во Атина, иако ПАО успеа да стигне на два поени разлика на три секунди пред крајот преку Немања Недовиќ. Алберто Абалде со 19 поени (од кои 15 во двете продолженија) и 6 аситенции, како и Валтер Таварес со 20 поени и 14 скока беа најдобри за Мадрид, додека Недовиќ заврши со 27 поени за Панатинаикос.

ЦСКА Москва, пак, продолжува да доминира оваа сезона, откако со 100:65 ги декласираа Ефес и стигнаа до 11-4 скор оваа сезона. Тие успеаја да го заддржат Шејн Ларкин во директниот дуел со Мајк Џејмс – Ларкин си замина со само 4 поени во 17 минути. ЦСКА водеа со 20 поени на полувреме и Димитрис Итудис и покрај ротацијата во второто полувреме имаше одличен меч. Вил Клајбурн заврши со 22 поени, Даран Хилиард со 16, а Џејмс со 11 поени и 10 асистенции.  За Ефес ова е трет пораз во низа и сега имаат 7-7 скор.

ЕВРОЛИГА, 14.КОЛО

ЦСКА Москва – Анадолу Ефес 100:65 (20:13, 27:21, 27:15, 26:16)

Фенербахче – Милано 71:79 (25:26, 10:18, 13:24, 23:11)

Црвена зведа – Алба Берлин 84:90 (16:15, 21:19, 20:14, 19:28, 8:14)

Жалгирис Каунас – Басконија 92:73 (25:22, 19:14, 24:11, 24:26)

Панатинаикос – Реал Мадрид 93:97 (15:14, 14:19, 19:23, 20:12, 25:29)

Share
Scroll to Top