Самп го победи Интер, па загуби од Специја

Самп го победи Интер, па загуби од Специја

пред 4 години

Откако во минатото коло ги совладаа Интер со 2:1, Сампдорија денеска успеа да загуби на гостувањето кај Специја со идентичен резултат за да продолжи променливата игра на тимот на Клаудио Раниери.

Клаудио Терци ги донесе Специја во водство во 20-тата минута, и иако гостите се вратија бргу, само четири минути подоцна преку Антонио Кандрева, во 50-тата минута беше досуден пенал за домаќините, кој сигурно го реализираше М’Бала Нзола.

Сампдорија останува на 11. место на табелата со 20 поени, а Специја се искачува на 17. место со само три поени помалку.

Share
Scroll to Top