Сколс: Хендерсон да брани, а не да внимава како изгледа на камера

Сколс: Хендерсон да брани, а не да внимава како изгледа на камера

пред 4 години

Дин Хендерсон е обвинет дека сака да изгледа добро на ТВ-снимките, откако легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс смета дека е недозволиво што тој прими гол од Симон Кјер во финишот на мечот со Милан.

„Ѓаволите“ беа на чекор до 1:0 победа по деби голот на Амад Диало, но Кјер во 92. минута со глава успеа да го совлада Хендерсон, и Сколс смета дека англискиот голман треба да се фокусира на основите, а не да „игра за камерите“.

„Тој требаше да го одбрани тоа. Мислам дека самиот си ја направи ситуацијата потешка отколку што навистина беше. Прва и основна задача на голманот е да не дозволи топката да влезе во голот. Мораше да го одбрани тоа, и тој самиот го знае тоа“, вели Сколс.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер не го критикуваше Хендерсон, кој доби шанса да биде прв голман откако Давид де Хеа доби ќеркичка и се врати на краток одмор во Шпанија, но призна дека шансата не требала да биде дозволена.

„Сум видел како Дин брани вакви топка. Влеговме премногу длабоко, не изблокираа и ни дадо гол. Требаше да одиме топката од одбраната“, вели Солскјер.

Share
Scroll to Top