Туанзебе, херојот на Манчестер Јунајтед

Туанзебе, херојот на Манчестер Јунајтед

пред 4 години

Аксел Туанзебе е еден од јунаците на големата победа што ја извојуваа фудбалерите на Манчестер Јунајтед во Париз, против ПСЖ, во Лигата на шампионите.

Туанзебе (22) го одигра првиот натпревар по пауза од 10 месеци. Младиот дефанзивец целосно од играта на ПСЖ го исклучи Килијан Мбапе, ги доби сите воздушни дуели, а успеа да расчисти седум опасни ситуации пред голот на Де Хеа.

„Аксел беше фантастичен. Колку долго не играше? Десет месеци? И тој одигра вака против Мбапе и Нејмар. Морам да кажам дека сум изненаден. Знаевме дека е добар играч, но оваа..“, рекол менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

Рио Фердинанд, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, смета дека Солскјер не смее да остави Туанзебе на клупата во наредниот натпревар.

„Ваквата претстава мора да биде наградена. Беше спектакуларен, заслужува дабиде награден“.

Туанзебе од својата осма година е во Манчестер Јунајтед.

Share
Scroll to Top