Тухел: Само да има навивачи, ќе му тргне на Тимо Вернер

Тухел: Само да има навивачи, ќе му тргне на Тимо Вернер

пред 3 години

Тимо Вернер ќе ги крене своите перформанси кога на трибините ќе бидат навивачите на Челси, инсистира менаџерот Томас Тухел откако Германецот стана предмет на потсмев оваа сезона, иако пристигна на „Стемфорд Бриџ“ со огромна репутација за 53 милиони фунти минатото лето.

Вернер има постигнато шест гола во Премиер лигата, но видеата со неговите промашувања, што за Челси, што за германската репрезентација, го претставија Германецот во лошо светло. Тухел верува дека следната година ќе биде поинаку.

„Зборував со бордот на клубот уште кога пристигнав и им кажав дека имаме млад тим кој не треба многу да се критикува и кој со навивачите на трибините ќе игра сосема поинаку. Не само за Тимо, туку и за сите други. Кога ќе се одмориова лето, следната сезона ќе направи чекор напред. Знае да се адаптира и треба да му помогнеме. Знаете, да изведуваше пенали, ќе имаше подобра бројка зад него“, вели Тухел.

 

 

 

Share
Scroll to Top