Жоан Мир стана Мото ГП шампион во „најчудната“ сезона во историјата

Жоан Мир стана Мото ГП шампион во „најчудната“ сезона во историјата

пред 4 години

Шпанецот Жоан Мир е новиот Мото ГП шампион, откако и седмото место на претпоследната трка од лудата сезона 2021 во Валенсија му беше доволно да направи недостижна предност пред ривалите.

Мир, поранешниот Мото3 шампион, е првиот шампион на Сузуки од 2000 и од Кени Робертс Јуниор, во сезона која во никој случај не беше вообичаена – прво остана без апсолутниот доминатор последните сезони, Марк Маркез кој двапати се повреди и потврди дека не се враќа оваа сезона, а потоа следуваше и скратената сезона поради КОВИД-19 пандемијата.

На последната трка до својата трета победа во 2020 стигна Италијанецот Франко Морбидели, но сепак, остана 29 поени зад Мир, кој од 12. место на стартот стигна до седмото место за осигурување на трофејот. Морбидели во последниот круг ја изддржа битката со Џек Милер во Прамак Дукати а пред Мир беа и Пол Еспаргаро,  Алекс Ринс, Брад Биндер и Мигуел Оливеира.

Мир беше долго лидер во генерален пласман оваа сезона и покрај тоа што својата прва победа ја забележа минатиот викенд на истата патека „Рикардо Тормо“, во сезона во која имавме дури девет различни победници.

Главен ривал на Мир оваа сезона му беше Фабио Квартараро на Јамаха, кој имаше фуриозен старт на сезоната со две победи, но Французинот потоа беше страшно непостојан и не ја заврши трката во Валенсија излетувајќи од патеката. Ова е само петта сезона во кариерата на Мир, по двете во Мото3, една во Мото2 и две во Мото ГП. Неговата победа во Валенсија беше негова прва од 2017 кога ја освои Мото3 титулата.

Мир признаваше дека е исфрустриран од тоа што му недостасува победа и велеше дека не сака да освои титула без победа, до која конечно стигна минатата недела. Притисок?

„Луѓето кои не можат да си платат сметки, тоа е вистински притисок, ние тука вршиме само работа“, изјави 23-годишниот Мир минатиот викенд.

Share
Scroll to Top