Кревач на тегови од Уганда исчезна во Јапонија

Кревач на тегови од Уганда исчезна во Јапонија

пред 3 години

Во местото Изумисану, во префектурата Осака локалните власти трагаат по исчезнат 20-годишен олимпиец од Уганда. Се работи за кревач на тегови Џулиус Секитолеку.

Официјалните лица виделе дека го нема спортистот кога не доставил примерок за Ковид тест. Веднаш неговите колеги отишле во неговата хотелска соба, но таа била празна.

Започнала потрага, а вклучена била и полицијата.

Ова е фотографијата при доаѓањето на олимпискиот тим на Уганда:

Во хотелот немало 24-часовен надзор, па не е познато кога и каде заминал младиот спортист, изјавија официјалните лица.

Инаку, официјалниот старт на ОИ е на 23 јули.

Share
Scroll to Top