Логан Пол: Хазбула е најголемиот фајтер на нашата генерација

Логан Пол: Хазбула е најголемиот фајтер на нашата генерација

пред 3 години

Јутјуб ѕвездата Логан Пол викендов ќе влезе во ринг со Флојд Мејведер Јуниор, но тоа не му пречеше да го спомене малиот Хазбула Магомедов, рускиот фајтер со попречено растење кој стана Интернет сензација.

Пол ќе боксува со петкратниот светски шампион Мејведер во Мајами во недела, во меч кој сигурно нема да видиме спектакуларен бокс, но ќе биде екстремно профитабилен за двајцата, а Пол, кој стана атракција преку своите Јутјуб видеа, целосно го поддржува Хазбула во неговиот обид да стане атракција со голема заработувачка.

Хазбула „Хасбик“ Магомедов има 18 години и страда од ретка генетска болест, и неодамна стана сензација на Интернет по предложената борба со таџикистанскиот ривал, 17-годишниот Абдурозик, кој иста така има пореметување при растот. Пол, очигледно е фан.

„Знам дека доколку успеам да го артикулирам мојот внатрешен Хасбула, најголемиот фајтер на нашето време, ќе ја завршам работата. Сите го сакаме Хазбула“, изјави Пол пред соочувањето со Мејведер.

Хасбула веднаш одговори на комплиментот.

„Сакам да му заблагодарам на Логан Пол што е фан на Хасбула, и да ја објавам дека сите блиски на Хасбула ќе го поддржуваме во борбата против Мејведер“, напиша Дагестанецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 18 years (@hasbulla_)

Невкусно и неморално? Во Русија најава за ММА борба на фајтери со генетско пореметување

Share
Scroll to Top