Лук Шо: Судијата не даде пенал за да не го „зборат“

Лук Шо: Судијата не даде пенал за да не го „зборат“

пред 4 години

Бекот на Манчестер јунајтед, Лук Шо тврди дека судијата Стјуарт Атвел не досудил пенал за Манчестер јунајтед против Челси бидејќи се плашел од коментарите на фановите по мечот.

Релативно слабиот меч меѓу двата ривали за топ 4 пласман во Премиер лигата беше одбележан со моментот во првото полувреме кога Калам Хадсон-Одои ја допре топката со раката по исфрлањето на Едуар Менди. Атвел ја следеше ВАР снимката, кога го повикаа да го разгледа инцидентот, но не досуди пенал. Шо вели дека потоа го слушнал Атвел како му кажува на капитенот Хери Мегваер дека луѓето ќе реагирале ако досудил пенал.

„Ако нема да биде пенал, зошто го прекинуваат мечот. Судијата му кажа на Хери: ‘Ако е пенал, тогаш ќе има многу зборување потоа’. Со ВАР мечот станува конфузен. Нема да плачеме, бидејќи мислам дека не заслуживме да победиме, но со ВАР не е во ред“, вели Шо.

По мечот, Томас Тухел одречно ја одби можноста дека тоа било пенал, велејќи дека Мејсон Гринвуд прв ја допрел топката, додека Оле Гунар Солскјер сметаше дека Јунајтед се оштетени.

ВАР контроверзи на Челси-Јунајтед, Тухел му се „дереше“ на Солскјер

 

Share
Scroll to Top