Погребан Диего Армандо Марадона

Погребан Диего Армандо Марадона

пред 4 години

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на аргентинската престолнина се простоја со својот идол. Претходно ковчегот со телото на Марадона беше изложен во претседателската палата. Проценките се дека околу 1.000.000 луѓе му го кажале последното збогум на „Ел Пибе“.

Човекот кој ја однесе Аргентина до титулата на Мундијалот во 1986 година е погребан на гробиштата „Бела Виста“, крај своите родители. Марадона е погребан на приватна церемонија, на која присуствувале само членовите на семејството и блиски пријатели.

На погребот биле неговите ќерки Далма и Џанина, од првиот брак на Марадона со Клаудија Вилјафан, како и ќерката Јана која „Ел Пибе“ ја призна како свое дете пред неколку години.

На погребот била и Вероника Охеда, исто така поранешна сопруга на Марадона, со синот Диегито Фернандо.

Во вечното почивалиште Марадона го испратиле и и соиграчите од Светското првенство во Мексико, во 1986 година.

Поради смртта на Марадона, претседателот Алберто Фернандез, прогласи три дневна жалост во земјата.

Share
Scroll to Top