Новиот премиерлигаш Лутон има големи проблеми по влегувањето во елитата. Клубот од поширокото подрачје на Лондон се наоѓа на 17. позиција на табелата со четири бода, па репрезентативна пауза ја искористи да се засили со звучно име.
Лутон го потврди доаѓањето на Андрос Таунсенд (32), кој потпиша краткорочен договор со клубот до крајот на календарската година.
Таунсенд најголемиот дел од својата кариера како фудбалер го помина во Тотенхем, а во еден момент заработи и повик во репрезентацијата на Англија со добрите настапи.
Под покровителство на Рој Хоџсон одигра 13 натпревари и постигна три гола, но во меѓувреме следуваше пад во неговата кариера, па по Тотенхем се пресели во Њукасл, Кристал Палас и во Евертон од каде си замина минатото лето.
По три месеци без клуб и проблеми со повреди, Андрос Таунсенд ќе добие уште една шанса во Премиерлигата.
Welcome @andros_townsend! ✍️
— Luton Town FC (@LutonTown) October 11, 2023