(Видео) Десетици демонстранти повредени во судир со тајландската полиција

пред 4 години

Десетици демонстранти се повредени во насилните антивладини протести во Тајланд, објави Брза помош.

Полицијата потврди дека испукале гумени куршуми, првпат откако почнале протестите минатата година.

Судирите избија во неделата, а полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои маршираа кон воената база во Бангкок, барајќи од кралот Махе Вајиралонгкорн да престане да и издава директни наредби на армијата, објави „Ројтерс“.

Демонстрантите фрлале шишиња кон полициските барикади.

„Ние користевме гумени куршуми за прв пат. Беше потребно да се запре насилството”, изјави началникот на полицијата во Бангкок, Пакапонг Понгпетра.

Младинското политичко движење бара оставка од премиерот Прајут Чан-Оче и бара реформа на владата на монархијата.

Share
Scroll to Top