Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет.
Руското вселенско летало Сојуз, во кое беше сместен 46-годишниот моден магнат и колекционер на уметнички дела, беше успешно лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан.
Тој ќе стигне до ISS за околу шест часа, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
На 12-дневното вселенско патување, Маезава ќе биде придружуван од неговиот помошник Јозо Хирано, кој ќе го документира патувањето, како и рускиот космонаут Александар Мисуркин.
【11 days until Launch?】
Unusual training in Russia ③
The spinning chair – almost feels like torture. Some cosmonauts say it’s necessary, some say it’s not. Either way, it’s the hardest training ever done.
※Warning: eyes will be spinning just by watching#MZJourneytoSpace pic.twitter.com/ARzh7yaXXk
— Yusaku Maezawa (MZ) (@yousuckMZ) November 27, 2021
Маезава, првиот јапонски турист што ја посети ISS, треба да стане и првиот приватен патник на патувањето „SpaceX“.
Компанијата во сопственост на Илон Маск ќе го има првиот комерцијален лет до Месечината во 2023 година.