Кина го отфрли планот на СЗО за нова студија за потеклото од коронавирусот

пред 2 дена

Кина не може да го прифати планот на Светската здравствена организација за спроведување на втората фаза од студијата за потеклото на Ковид-19, изјави висок кинески здравствен службеник.

Ценг Јисин, потпретседател на Кинеската национална комисија за здравство, рече дека е шокиран од планот, а особено од теоријата дека вирусот може да протече од кинеската лабораторија, пренесува агенцијата „АП“.

Тој ја отфрли таквата теорија како гласина што е спротивна на здравиот разум и науката.

„Невозможно е да се прифати таков план за истражување на потеклото“, рече тој на прес-конференција.

„АП“ пишува дека потрагата по потекло на вирусот стана дипломатско прашање што ги влоши односите на Кина со Соединетите држави и многу американски сојузници.

Соединетите држави и некои други земји тврдат дека Кина не била транспарентна за тоа што се случило во првите денови на пандемијата, додека, од друга страна, Кина ги обвинува критичарите за политизирање на прашања за кои тврдат дека треба да им бидат оставени на научниците.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адананом Гебрејесус, минатата недела рече дека е прерано да се исклучи потенцијална врска помеѓу пандемија и протекување на вирус од лабораторијата во Вухан, кинески град каде што болеста беше откриена за крајот на 2019 година.

Ценг рече дека нема вирус во лабораторијата во Вухан што може директно да зарази луѓе и потсети дека тим меѓународни експерти, координиран од СЗО, кој ја посети лабораторијата на почетокот на оваа година, заклучи дека протекувањето на вирусот од лабораторијата е многу малку веројатно.

Share

Website https://gogoanime.be: Watch Astarotte's Toy gogoanime Episode 12 gogoanime overlord

AnimeDao: When Supernatural Battles Became Commonplace (Dub) anime episode 12 online free at https://animedao.nl a silent voice animedao

Website https://animefreak.ws: Watch New Game! (Dub) animefreak Episode 12 my hero academia season 4 animefreak

Gogoanimelol bcz: https://gogoanimelol.bcz.com/

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/gogoanimelol

Connect garmin: https://connect.garmin.com/modern/profile/2d37835c-4e0b-40b0-a820-83ea1e4cebfd

Scroll to Top