Ватикан: Пандемијата нуди драгоцена можност да се види дека оружјето не вреди

пред 4 години

Ватикан верува дека пандемијата на коронавирус може да ги натера владите да сфатат дека трошоците за одбрана не можат да гарантираат безбедност за нивното население и да ги охрабрат да ги пренасочат средствата за подобрување на здравствената заштита и борба против сиромаштијата.

“Пандемијата ни ја нуди оваа драгоцена можност. Таа не поттикнува да се запрашаме колку огромни воени трошоци навистина можат да ја гарантираат безбедноста на индивидуалното население и колку овие ресурси можат да се користат за други цели”, рече државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин пренесува Ројтерс.

Агенцијата известува дека Паролин ги наведува здравството, социјалната еднаквост и искоренувањето на сиромаштијата како можни области во кои може да се пренасочат две милијарди долари годишно, колку што даночните обврзници ширум светот трошат на воени активности.

Share
Scroll to Top