Објавени делови од тајниот план на британската влада што ќе се случува по смртта на кралицата Елизабета

Објавени делови од тајниот план на британската влада што ќе се случува по смртта на кралицата Елизабета

пред 2 години

Британскиот портал „Политико“ објави делови од тајниот план британската влада за тоа што ќе се случува во земјата во деновите по смртта на кралицата Елизабета, која има 96 години. Овој план меѓу тајните служби е познат како операција „Лондонски мост“, а станува збор за 10-дневен план за период меѓу смртта на кралицата и нејзиниот погреб.

Иако долго време се држеше во тајност, поголемиот дел од планот сега е достапен за јавноста. Делови од тајниот план со години се појавуваа, но никогаш претходно не се откриени толку детали. Новиот план за смртта на кралицата има промени, а тие се додадени во случај таа да почине од корона.

Во првите неколку часа по смртта на кралицата ќе се одржи „каскада на повикот“ кога премиерот, секретарот на владата и највисоките министри и функционери ќе бидат известени за смртта на кралицата. Рој ден ќе биде наречен „Ден Д“, а секој нареден ден пред погребот ќе го носи името „Д + 1“, „Д + 2“ итн.

Кралското семејство ќе издаде официјално известување и веста ќе се објави во јавноста.

По ова, знамињата ширум државата ќе бидат спуштени на половина копје, а целта е тоа да се направи во рок од десет минути.

Во наредните денови пред погребот, новиот крал, Чарлс, ќе тргне на пат по Обединетото Кралство за да прими сочувство.

Шестиот ден од смртта на кралицата, ќе се одржи генерална проба за тоа како ќе се одвива погребот.

Погребот е планиран на десеттиот ден од смртта на кралицата, а ќе се одржи во Вестминстерската катедрала во Лондон. Точно на пладне, во цела држава ќе има двеминутен молк, а потоа ќе почне погребната церемонија, која ќе се пренесува и на телевизија.

За потсетување, од утрово е влошено здравјето на кралицата, а целото семејство се собира во нејзиниот замок во Шкотска.

(Во живо) Кралското семејство се собира во Шкотска, откажана е смената на гардата, Би-би-си е во црно

Share
Scroll to Top