Шинејд О’Конор објави дека починал 17-годишниот син: Мојот убав син, реши да стави крај на својата земна борба

пред 3 години

Кантавторката Шинејд О’Конор објави на Твитер дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.

„Мојот убав син, светлината на мојот живот, реши да стави крај на својата земна борба и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Драг мој. Те сакам многу“, напиша Шинејд на социјални медиуми.

Шејн исчезна во четвртокот, а полицијата веднаш почна да трга по него. Тој последен пат бил виден во населбата Талахт во јужен Даблин, а полицијата во саботата објави дека потрагата е прекината, пренесува „Дејли Мејл“.

„По откривањето на телото во Бреј во Виклоу во петокот на 7 јануари, истрагата за исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор беше прекината“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе „The Sun“.

Шинејд има уште три деца, синот Џејк Рејнолдс (34), ќерките Роисин (25) и Јешу (15).

Share
Scroll to Top