Американка на Твитер објави слика од својата ќерка Кора и ја споредила со глумецот Вуди Харелсон. Таа ги праша следбениците дали нејзиното бебе личи на славниот актер. Објавата стигна и до Вуди, кој ја сподели сликата на својот Инсатаграм и ѝ напиша песна на Кора.
„Ода за Кора.Ти си прекрасно дете. Поласкан сум поради оваа споредба. Имаш прекрасна насмевка. Само би сакал да ја имам твојата коса“, напишал Харелсон.
„Ни го разубави денот, едвај чекам да ѝ го покажам ова кога ќе биде постара. Имаш уште еден обожавател за цел живот“, му одговорила мајката на Кора на Вуди.