Една од најубавите на свет, Скриената плажа во Мексико настанала како резултат на воени вежби и тестирања. Мексиканската дупка е дел од вулканските остатоци на Мариета, којашто својата денешна позиција ја зазела пред неколку илјадници години.
Но, таа сепак не настанала по игра на природата, туку од човечка рака – ова е подрачјето коешто владата на Мексико го избрала за место на коешто можат да се прават воени тестирања.
Токму силните експлозии се заслужни за тоа што ова подрачје денес е голема туристичка атракција. Многубројни дупки ја чинат атрактивна, а подводните и надземните пештери, коишто владата на Мексико по големиот притисок од јавноста кон средината на минатиот век ги прогласила и за национален парк, само ја збогатуваат нејзината неверојатна убавина.
Мариета се острови коишто го достигнале статусот на голема туристичка атракција позната низ светот – прекрасната песочна плажа и пештерите коишто редовно се наоѓаат на листата на најубави на свет.
Но, за да знаете како да ја пронајдете, ќе ви биде потребна помош.
Playa del Amor, односно Скриената плажа, се наоѓа во голем кратер што не може да се види од копното на морето, а за да стигнете до неа потребно е да запливате низ морскиот тунел.
Плажата одеднаш може да прими 117 посетители коишто на располагање имаат само 20 минути за да ја разгледаат, онолку колку што е предвидено за туристичките тури за сите да можат да дојдат на ред да ја видат и да ѝ се восхитуваат.