(Видео) Чеде Спасиќ ја промовираше првата песна „Последна и прва“

(Видео) Чеде Спасиќ ја промовираше првата песна „Последна и прва“

пред 2 години

Пејачот Чеде Спасиќ од Кавадарци ја промовираше првата песна „Прва и последна“. Ова е негова прва авторска песна за која и сними спот со режисерот Николај Скерлев. Видеото го снимија во Бугарија на плажите на Сончев Брег.

dobivaj vesti na viber

Автори на песната се Борче Нечовски и Дејан Момороски. Спотот го снимаа во „XI студио Момироски“. На музиката работеше гитаристот Дамјан Пејчиновски, а Сара Пројковска беше придружен вокал.

„Долго време барав добра песна и мислам дека конечно ја најдов. Публиката е најдобар судија, но верувам во овој проект. Презадоволен сум од соработката со Борче и Дејан и од видеоспотот. Добивам убави коментари“, ни рече Спасиќ, кој додаде дека веќе работи и на втората песна со истиот тим.



Share
Scroll to Top