„Дејли Мејл“ го прогласи Ѓоковиќ за „Ковид идиот на годината“

„Дејли Мејл“ го прогласи Ѓоковиќ за „Ковид идиот на годината“

пред 3 години

Британскиот весник „Дејли мејл“ му ја додели награда „Ковид идиот на годината“ на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Тие велат дека конкуренцијата за оваа награда била голема, но дека најдобриот светски тенисер имал неколку големи грешки годинава, меѓу кои и тоа што го организирал Адрија тур среде пандемија.

„Само Ѓоковиќ можеше да забие топка в лице на судија на Ју-Ес опен. Но, тој потег не му беше најконтроверзен оваа година. Тој го организираше и Адрија тур на Балканот, додека траеше локдаунот поради коронавирусот. Тоа му го донесе првото место. Не ги почитуваше правилата. Не беше изненадување кога вториот од планираните четири турнири беше откажан поради коронавирусот, кој се појави кај учесниците, вклучувајќи ги и Новак и неговата сопруга. За среќа сите заразени оздравеа, а Новак си доби уште еден трофеј“, стои во коментарот на „Дејли мејл“.

Share
Scroll to Top