Жан Клод Ван Дам: Во училиште бев толку грд што ниту една девојка не сакаше да ме погледне

Жан Клод Ван Дам: Во училиште бев толку грд што ниту една девојка не сакаше да ме погледне

пред 4 години

Популарниот актер Жан Клод Ван Дам во едно од своите интервјуа откри дека во минатото имал несреќни моменти, за кои сега се срами да зборува. Вели дека не се ниту вредни за споменување.

Неговиот живот вели дека наликувал на неверојатни сценарија за филмви, во кои и самиот тој глумел, а малкумина знаат дека како дете бил  ситен и слаб поради што неговите родители биле премногу загрижени.

„Понекогаш се прашувам како успеав во животот, со оглед на тоа што во училиште ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Изгледав толку грдо со моите очила, кои морав да ги носам, затоа што без нив не можев да видам ништо пред мене“, вели актерот.

Жан Клод Ван Дам за себе вели дека бил балетан, мајстор на боречки вештини, поранешна филмска ѕвезда, поранешен зависник, но и заводник. Се има женето дури петпати, а двапати со иста жена. Наскоро ќе го прослави 60. роденден.

„Бог ми даде одлично тело и моја одговорност е да се грижам за него. Во просек тренирам четири до пет пати неделно. Многумина гледајќи во моето тело мислат дека имам 30 години, но на лицето се покажува дека ја надминав педесетата одамна“, се шегува Жан Клод Ван Дам.

Share
Scroll to Top