Калиопи и Ромео се расплакаа на промоцијата со Жељко: Ѝ сопругата можам да му ја оставам на Грил

Калиопи и Ромео се расплакаа на промоцијата со Жељко: Ѝ сопругата можам да му ја оставам на Грил

пред 1 година

Калиопи и Жељко Самарџиќ, ја претставија баладата „Знам“ во Скопје на прес-конференција која беше во „Аудиокултура“, откако претходно ја промовираа песната  во Белград. „Тука возев ролшуи како дете, кога доаѓав од Кичево, кај роднините на гости во Скопје“, се присети Калиопи, и кажа дека тоа е причината зошто избрале пресот да биде баш во населбата Тафталиџе.

На пресот беше и Ромео Грил, кој е автор на песната. Тој од неодамна стана добар пријател со Жељко и тоа не го криеај на пресот.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Калиопи што ме спои со маестро Ромео. До толку го сакам што можам да му ја оставам и сопругата“, рече Жељко Самарџиќ.

Промоцијата беше многу емотивен момент за Ромео Грил, кој дојде од Швајцарија. Емотивно беше и за Жељко и за Калиопи која се расплака во еден момент. „Роден сум во Дебар маало и ова ми е дома. Маја е мојата прва љубов, сопругата на Жељко се вика Маја, а јас и Калиопи наскоро правиме 40 години“, рече Ромео Грил, на што Калиопи низ насмевка го праша: Од што правиме 40 години? „ Па од формирање на групата Калиопи“, вели Грил. Не е тајна дека бившите сопружници се во одлични односи и го имаат синот Пако.

Самарџиќ пак раскажа за нивното пријателство кое трае од осумдесетите, и дека баш тоа четириесетгодишно пријателство се претвори во песна.

Поп дивата рече дека песната „Знам“ ќе ја вброи во своите топ три најдобри песни: „Бато“, „Црно и бело“ и „Знам“. Калиопи најави турнеја низ Македонија, нова песна и концерт во Скопје.

Share
Scroll to Top