Прекувремена работа води кон повеќе пиење алкохол, вели СЗО

Прекувремена работа води кон повеќе пиење алкохол, вели СЗО

пред 3 години

Од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека луѓето кои работат повеќе се склони и кон повеќе пиење алкохол.

dobivaj vesti na viber

Ова е наведено во најновото истражување, во кое се вели дека оние кои работат повеќе од 49 часа неделно во просек пијат чаша вино или кригла пиво повеќе од оние кои имаат стандардно работно време од девет до 17 часот.

Експертите велат дека зависниците од работа го користат алкохолот за да се наградат себеси или да се опуштат по долга, стресна недела. Истражувањето укажува на поврзаноста помеѓу работните часови и консумирањето алкохол.

Во него биле опфатени 105.000 луѓе, а податоците покажале дека оние кои работат меѓу 41 и 48 часа неделно во просек пиеле 10,4 грама чист алкохол повеќе од оние кои работат меѓу 35 и 40 часа. Тоа е рамно на мало пиво или помала чаша вино.

Бројките растат на дополнителни 17,7 грама чист алкохол кај оние кои работат од 49 до 54 часа неделно, што е рамно на пола литар пиво, односно поголема чаша вино.

„Знаеме дека долгите работни часови се стресни, а алкохолот го намалува стресот. По долга и напорна работна недела сакаме малку да се опуштиме или да се наградиме“, вели авторот на студијата Лод Годерис од Универзитетот во Леувен, Белгија.

Share
Scroll to Top