Рагбист ја фати свршеницата среде орален секс со соиграч од тимот

Рагбист ја фати свршеницата среде орален секс со соиграч од тимот

пред 2 години

Познатиот рагбист Мајкл Лич заврши на суд за семејно насилство, откако ја фатил свршеницата Кара Чилдерхаус како орално го задоволува неговиот соиграч Адам Елиот.

Инцидентот се случил во 2021 година, во неговиот дом, а конечниот епилог се случи во петокот, откако сите обвиненија против него биле повлечени.

Мајкл рече дека не ја нападнал Кара и дека во инцидентот тој удрил со раката во влезната стаклена врата по што изгубил 2,5 литри крв. Поради тоа морал и да ја заврши кариерата.

И Кара не сакала да сведочи против него, па затоа обвиненијата биле отфрлени. Приказната на Лич ја потври и Елиот, кој рече дека инцидентот се случил некаде околу полноќ и дека со Кара и двајцата испиле повеќе од вообичаено.

„Не можев да ја исфрлам сликата од мојата глава. Не можев да издржам и да гледам како мојот најдобар пријател има секс со мојата свршеница“, рече Лич во петокот на суд.

Лич рече дека е среќен што конечно вистината излегла на виделина.

„Сега само сакам да оставам се зад себе и да му се вратам на животот“, рече поранешниот либиски репрезентативец, кој има одиграно повеќе од 100 натпревари. Поради повредата тој морал да ја заврши кариерата.

 

 

 

Share
Scroll to Top