Актерот Тимоти Шаламе на Венецискиот филмски фестивал на премиерата на својот најнов филм „Коски“ се појави во црвени целосни комбинезон прилепени панталони со целосно гол грб.
На 26-годишниот актер не му се непознати смелите модни комбинации, но неговото последно појавување стана хит и предизвика низа реакции на социјалните мрежи кои се поделени. Додека многумина го фалат и се восхитуваат на неговата храброст и оригиналност, има и такви кои го нарекуваат копија на Хари Стајлс и Демиан Дејвид од италијанската група Манескин.
Темата на филмот „Коски“ е канибализам, така што изборот на крвава црвена боја на Тимоти не е изненадување. Тој самоуверено прошета по црвениот тепих, позирајќи им на фотографите од сите агли.
Вог овој стајлинг на Тимоти го прогласи за најхрабар досега, а е креација на неговиот омилен дизајнер и близок пријател Хајдер Акерман.