Со уцени и правила мојот син веројатно нема да игра на Австралија Опен, вели таткото на Новак Ѓоковиќ

Со уцени и правила мојот син веројатно нема да игра на Австралија Опен, вели таткото на Новак Ѓоковиќ

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ веројатно нема да игра на Австралија Опен ако не се променат правилата во врска со вакцинирањето против Ковид-19, вели неговиот татко Срѓан.  До сега Ѓоковиќ, не објавил својот вакцинален статус, додека организаторите на турнирот му порачаа дека ќе мора да биде вакциниран ако сака да игра.

 „Со вакви уцени и правила, тој веројатно нема да игра. Јас не би играл. Тој ми е син, нека реши самиот“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер до сега девет пати славеше на Австралија опен и е израмнет со Федерер и Надал според бројот на освоени гренд слем титули. Надал кажа дека ќе учествува, додека Федерер и натаму заздравува по операција на коленото.

Според директорот на Австралија опен Скот Тајли, засега 85% од грачите се вакцинирани, а очекува бројката да порасне на 95% до 17 јануари кога треба да почне турнирот.

„Вакциниран или не, тоа е лично право. Никој нема право да влегува во ничија интима“, кажа Срѓан Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top