Данела Арсовска ја презема градоначалничката функција од досегашниот градоначакник Петре Шилегов кој ја пречка со букет цвеќе. Од денеска и официјално таа е градоначалничка на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.
Шилегов рече дека и посакал среќа во престојниот мандат. Арасовска на првиот работен ден избра да носи црно- бела комбинација. Таа не сакаше да дава изјави и рече дека во среда ќе се сретне со новинарите на брифинг.
На локалните избори, Арсовска како независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник, Петре Шилегов.
Арсовска по победата најави дека посветено ќе работи уште од првиот ден на функцијата за да го трансформира Скопје во како што рече, зелен, чист, убав и модерен град.