Фудбалерите на Бетис, по пауза од 14 години, успеаја да забележат победа во Виљареал. Во последниот меч од неделната програма во ла Лига, Бетис го победија Виљареал со 2:1.
„Жолтата подморница“, го забележа третиот пораз во сезоната, прв на домашен терен, но она што треба да го загрижи тренерот Унаи Емери е податокот дека неговите играчи не знаат за победа на последните пет средби.
Виљареал се шестти на табелата со 36 бода, Бетис се веднаш зад нив со три бода помалку.
Бетис головите ги постигнаа во финишот на првото и почетокот на второто полувреме. Набил Фекир го постигна првиот гол во 45.минута, а Емерсон погоди за 2:0 во 52.минута.
Голот за Виљареал го постигна Морено од сомнителен пенал во 65.минута.