Мик Шумахер никогаш не одговара на прашања за состојбата на неговиот татко

Мик Шумахер никогаш не одговара на прашања за состојбата на неговиот татко

пред 3 години

Новиот Формула 1 возач, Мик Шумахер, одби да одговори на прашањата за здравствената состојба на неговиот татко, седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, продолжувајќи ја „традицијата“ на членовите на семејството Шумахер да не даваат никакви детали околу состојбата на Шуми.

Уште е нејасно во каква точна состојба се наоѓа Михаел по скијачкиот инцидент во 2013 година, кога на скијање (токму со младиот Мик), падна и удри со главата во карпа. По ова тој беше во медицински индуцирана кома, па преселен во нивниот дом во Швајцарија и зачудувачки, под водство на неговата сопруга и мајка на Мик, Корина Шумахер, успеаја да сочуваат приватноста – ниту една фотографија од Шумахер не се појави во медиумите веќе седум години.

Мик оваа сезона ќе дебитира во Ф1 со тимот на Хас Ф1 со поддршка на Ферари (кои се се снабдувачи на мотори на тимот), и кога новинарот на италијанскиот весник „Ла стампа“ го праша за неговиот татко, тој кратко одговори.

„Тоа е нешто приватно, ајде повторно да зборуваме за мотоспортот“, изјави 21-годишниот Германец.

Share
Scroll to Top