Франција распореди пожарникари со тестови за Ковид-19 на границата со Британија

пред 3 години

Франција распореди 26 пожарникари со илјадници комплети за тестирање за Ковид-19 на пристаништето Довер, главен транзитен центар помеѓу Франција и Велика Британија, за да помогне во забрзувањето на преминот за камионите блокирани во областа, поради новите ограничувања предизвикани од новиот вид на коронавирус, информираше Француската амбасада во Велика Британија, пренесува „Спутник“.

Според објавата на амбасадата на Твитер, возачите биле подложени на тестирање за Ковид-19 на пат кон Франција.

Откако Лондон објави дека открил многу заразна нова варијанта на коронавирусот, Франција воведе забрана за пристигнување од Велика Британија, оставајќи илјадници камиони блокирани во Кент, југоисточна Англија, кои не можат да го преминат Англискиот канал. Сепак, Париз во вторникот се согласи да ја укине забраната за влез во земјата за оние кои имаат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа.

Според договорот Париз-Лондон, секој што сака да влезе во Франција, но има позитивен тест за Ковид-19, ќе мора да направи уште еден PCR тест за и ако е се уште позитивен, да остане во хотелско сместување во изолација.

Минатата недела здравствените власти во Велика Британија открија нова варијанта на коронавирусот, која е за 70 отсто попренослива од другите соеви на вирусот. Поради ова, повеќе од 40 земји во светот ги затворија своите граници и ги запреа патувањата кон Велика Британија.

Share
Scroll to Top